fbpx

Репортажа на британски „Телеграф“ за македонските убавини

-

Британскиот весник „Телеграф“ објави репортажа по повод Денот на независноста на Република Македонија, насловена „25 значајни работи што не сте ги знаеле за Македонија“.

Охрид, Струга и Вевчани повторно се застапени на страниците на „Телеграф“, но овојпат поводот е честитката од уредниците на медиумот за Денот на независноста на Република Македонија.

Автор на репортажата на „Телеграф“ е Хју Морис, а во неа се користени материјали на Адријан Бриџ, кој ја посетил Македонија во јули годинава.

Македонија има бројни убавини, но само едно е под заштита на УНЕСКО како природно и културно наследство, а тоа е Охрид со езерото, појаснува авторот на репортажата.

„Трпејца е мало село на брегот од Охридското Езеро, познато како македонско Сен Тропе“, вели репортерот на „Телеграф“, Адријан Бриџ.

Тој во репортажата пишува и за јужниот дел од Охридското Езеро, каде се наоѓа манастирот „Св. Наум“ кој датира од 910 година, а чија убавина, како што забележал, „ја дополнуваат и пауните со своето пеење“.

Британскиот репортер во текот на својата посета на земјава бил и во Вевчани и за ова македонско село напишал: „Високо на ридовите во северниот дел од Охридското Езеро, селото е познато по своите извори, привлечно за уметниците, а познато и по тоа што веднаш по осамостојувањето на Македонија од Југославија објави независна Република Вевчани“.

Неодминлива за поетите, според авторот на статијата, е Струга, каде се одржуваат „Струшките вечери на поезијата“.

Во репортажата се спомнуваат и Мајка Тереза, опсерваторијата Кокино, Миленумскиот крст, статуата „Воин на коњ“, Тоше Проески, трите национални паркови, како и македонската кујна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...