fbpx

Ученици не одат на настава во две средни училишта во Тетово

-

Проблемите во образованието во Тетово продолжуваат. Освен гимназијалците Македонци, на училиште не одат и учениците од Средното економско училиште „8 Септември“, а наставата не почна ниту за дел од средношколците од руралните места од Тетовско, за кои Општината сè уште нема организирано бесплатен превоз.

Еден од превозниците вели дека иако е почеток на учебната година, Општина Тетово нема склучно договор за транспорт на ученици.

– Проблемот е во Општината, не во нас. Ние не можеме да вршиме превоз на ученици ако немаме склучено договор. Сега некои ученици мора да плаќаат, а некои седат дома – изјави еден од превозниците на ученици, кој сакаше да остане анонимен.

Од Средното економско училиште велат дека настава нема од вторник, откако почнала реконструкција на подот на училиштетото. Изјавија дека вината зошто градежните работи не се изведувале во текот на летниот одмор, треба да ја бараме во Министерството за образование, од каде во текот на денот не успеавме да добиеме никаков одговор.

Ниту општинските власти засега не дадоа никаков коментар за нерешениот просторен проблем со тетовските гимназијалци и за неорганизираниот бесплатен превоз за учениците од руралните средини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...