Хан: Тука сум да слушам, а не да давам препораки за новата влада

-

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, рече дека дошол да ги слушне ставовите на лидерите на политички партии, но не и да им дава насоки и препораки што да одлучат.

Тој истакна дека земјата има направено голем напредок ако се спореди со ситуацијата од пред две години, но дека сè уште има работа што треба да биде завршена.

– Изборите не се крај на политичката криза. Неопходно е што побргу да се формира нова влада, која ќе се справи со предизвиците како што се безбедносните и економските прашања и нема време за губење – рече Хан по шестиот министерски состанок на земјите од Западен Балкан.

Во однос на прашањето што конкретно мислел со терминот „широка коалиција“, Хан рече дека нема да коментира каква треба да биде новата влада, но дека е потребно таа да има мнозинство за да може полесно да носи одлуки.

– На Македонија ѝ е потребна влада што ќе се фокусира на евроинтеграциите и која ќе носи одлуки и ќе ги споделува демократските вредности на ЕУ. Гласот на народот е важен, а демократските одлуки треба да се почитуваат – изјави Хан.

На министерскиот состанок било разговарано за зголемување на соработката на полето на енергетиката, која би требало да придонесе за зголемено искористување на енергетските потенцијали и за нивна заштеда.

На средбата, исто така, станало збор и за системот за електронско регистрирање на граѓаните на земјите кои не се членки на ЕУ. Министрите за надворешни работи на Македонија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и на Босна и Херцеговина ја истакнале загриженоста за ваквата нова процедура.

Министерот Попоски истакна дека земјите од регионот се согласни оти Брисел не треба да има однос кон земјите аспирантки како кон земјите од Америка, Азија и од Африка бидејќи тие воопшто не целат да станат дел од европското семејство.

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Асад побегна од Дамаск, бунтовниците ја прогласија Сирија за слободна

Бунтовниците во Сирија влегоа во главниот град Дамаск, без да наидат на сериозен отпор, а сирискиот претседател Башар ал-Асад денеска заминал од Дамаск со авион, напуштајќи го градот во непознат правец,...

АХВ: Неделава спроведени вонредни контроли и во кујните на приватните градинки

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и неделава, покрај редовни, продолжија со спроведување на вонредни инспекциски контроли. Со надзори, во текот на оваа недела опфатени беа 38 кујни...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите...