fbpx

Попоски: Дачиќ добро знаеше во која земја е дојден

-

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, добро знаеше во која земја доаѓа, изјави шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, одговарајќи на новинарско прашање дали Дачиќ знае која земја ја посетува.

– Да, добро знаеше каде дошол и не е единствениот во Србија што знае која е оваа земја. Ги поканувам да дојдат и да ја посетат Македонија затоа што Македонија има што да понуди да се види – рече Попоски.

На прашањето дали добил појаснување од Дачиќ за неговите изјави, Попоски истакна дека тоа не било ништо поинакво од претходните изјави.

– Објаснувањето не беше ништо поинакво, но ја разбираме чувствителноста што ја имаат, особено пред гласањето за влезот на Косово во УНЕСКО. Сепак, ние сме одлучни да продолжиме со регионалната соработка и да ја продлабочуваме – додаде Попоски.

Дачиќ во новогодишното интервју изјави дека во Србија биле „будали“ кога ја признале Македонија под уставното име, како и дека во понатамошните мултилатерални односи ќе го користат акронимот БЈРМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...