fbpx

Гутерес: ЕУ нема друг избор освен да ги мобилизира сите сили околу бегалската криза

-

„Европската унија (ЕУ) нема друг избор освен да ги мобилизира сите свои сили во врска со бегалската криза, а единствен начин за решавање на овој проблем е унијата и сите зeмји-членки да спроведат заедничка страртегија, заснована на одговорност, солидарност и на доверба“, изјави вчера високиот комесар на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), Антониот Гутерес.

Тој вчера достави насоки до ЕУ, на кои, како што рече, треба да се потпрат сите напори за решавање на бегалската и мигрантската криза со која се соочува Европа.

Според Гутерес, бегалскиот бран, најголем во последните неколку децении во Европа, бара „масивен заеднички напор“ и прекинување со актуелниот фрагментиран пристап кој доведе до неуспехот на Европа да најде ефективен заеднички одговор.

„Европа не смее да продолжи да одговара на кризата со парцијален и делумен пристап. Ниту една земја не може сама да се справи со проблемот, ниту, пак, смее да одбие да го даде својот придонес. Повеќе од 300.000 луѓе од почетокот на оваа година досега ги ризикуваа своите животи да го преминат Средозмено Море. Повеќе од 2.600 не го преживеаја опасниот пат, меѓу нив и тригодишниот Ајлан Курди, чија фотографија ги разбранува срцата на светската јавност“, изјави Гутерес, додавајќи дека „Европа се соочува со моментот на вистината“.

„Сега е време да ги реафирмираме вредностите врз кои е изградена Европа“, посочи Гутерес.

Шефовите на дипломатиите на 28 земји-членки на ЕУ денеска во Луксембург оджуваат неформален состанок на кој расправаат околу мерките за справување со бегалската и со мигрантската криза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...