fbpx

Унгарските власти попуштија, илјадници мигранти ноќеска влегле во Австрија

-

Илјадници мигранти ноќеска влегле во Австрија, откако унгарските власти донеле „неочекувана“ одлука и обезбедиле автобуси за превоз на мигрантите од железничката станица Келети во Будимпешта до границата со Австрија, јавуваат медиумите.

Унгарските власти, претходно, неколку дена ги суспендираа меѓународните железнички линии кон Северна и Западна Европа, поради што стотици мигранти вчера попладне пеш тргнаа кон австриската граница, пат долг околу 240 километри.

Според информациите, околу 3.000 луѓе, синоќа ја преминале австриската граница и се сместени во центарот на Црвениот крст.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, австриските власти соопштиле дека бегалците, доколку сакаат, може да бараат азил во земјата или да продолжат кон Германија.

Австрискиот канцелар, Вернер Фајман, вчера остро го критикуваше својот унгарски колега, Виктор Орбан, поради неговиот став кон бегалската криза.

– Тој сигурно не е меѓу оние во Европа што се трудат да пронајдат заедничко решение, туку се однесува како силен човек. Но, од силен човек сега треба да очекуваме европско решение – изјави Фејман во интервју за австриски весник.

Ноќеска автобуси почнале да ги собираат мигрантите од железничката станица Келети, а возила биле испратени и по луѓето кои тргнаа пеш по автопатот кон границата со Австрија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...