fbpx

Грција: Опаднат бројот на бегалци

-

Бројот на бегалците и на мигрантите што во неделата стигнале на грчките острови е 155, додека 478 стигнале во пристаништата во Атина и во Кавала, што е значително помалку од дневниот просек во последните неколку месеци, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

„Ова е значителен пад. Според процените на ИОМ, околу 100.000 мигранти пристигнале во Грција од почетокот на ноември, во просек околу 4.500 дневно“, се наведува во соопштението.

Портпаролот на ИОМ, Џоел Милман, рече дека бројката на пристигнати бегалци е намалена бидејќи турските власти во последните денови ги засилиле патролите долж границата. Тој додаде дека утринава во Грција влегле околу 3.000 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...