fbpx

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Египет

-

Египетското крило на Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во кој беа убиени четири лица во хотел на северот на Синај, главниот град на провинцијата Ал Ариш, каде престојуваат судиите што ги надгледуваат парламентарните избори.

Изјавата на групата од синајската провинција циркулира меѓу нивните приврзаници на „Твитер“, преку шифрираниот систем на пораки „Телеграм“.

Државната телевизија и безбедносните извори наведоа дека најпрво експлодирал автомобил-бомба, а потоа и друга експлозија одекнала во таа област, десетина минути подоцна.

Бомбашот-самоубиец се обидел со автомобилот-бомба да влезе во хотелот, пред безбедносните сили да отворат оган врз него, по што експлодирал автомобилот, прецизираа безбедносните извори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...