fbpx

Грчките туристички работници стравуваат од големи загуби летово

-

Грчките туристички работници стравуваат дека годинава може да имаат големи загуби во профитот од туристите низ цела Грција. Загриженоста доаѓа од најавата за зголемување на даноците за ноќевање во хотелите и за угостителските услуги во таверните и во баровите.

Првиот човек на Асоцијацијата на туристички работници, Андреас Андреадис, говорејќи на генералното собрание на организацијата, истакна дека има пресврт во очекувањата за престојната туристичка сеозна, која се очекуваше дека ќе биде подобра од претходните години. Грчките туристички работници очекуваа голем број туристи откако работите се релативно нормализирани, протестите се намалени и нема негативни предупредувања дека туристите може да се најдат пред затворен банкомат или во банкротирана држава додека се на одмор на некој од грчките острови.

Сепак, според Андреадис, најавите дека ќе поскапуваат хотелските ноќевања, цените во таверните, алхохолот, цигарите, билетите за музеи и дел од основните прехранбени производи, се загрижувачки бидејќи ова ќе значи целосно поскапување на туристичките пакети и веднаш ќе ја стави Грција на листата на поскапи дестинации за странските туристи и со тоа ќе ја намали нејзината конкурентност на светскиот туристички пазар.

Претседателот на Асоцијацијата упати критика за владините мерки, коментирајќи дека овие мерки дополнително ќе ја отежнат ситуацијата на туристичките компании во Грција, од кои 40 отсто се на раб на преживување.

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, пак, изрази сосема поинаков став, коментирајќи дека е уверен дека годинава ќе има пораст на бројот на туристи и на заработката од туризмот во државата. Ципрас беше дециден дека зголемувањето на данокот на додадена вредност за хотелите ќе биде дури во 2018 година.

Грчките туристички работници и хотелиери се надеваа годинава да здивнат и да видат добра туристичка сезона. Веќе се делумно загрижени дека бегалската криза може да влијае на приливот на туристи кон грчките летувалишта летово, а сега загриженоста е зголемена поради зголемените даноци.

Аристотелис Томопулос, претседател на Солунската асоцијација на хотелиери, неодамна во разговор со „Мета“ истакна дека на почетокот на годинава имале загуби поради блокадите од земјоделците и од бегалците, но истакна дека е оптимист дека работите ќе се коригираат.

Томопулос во таа пригода истакна дека годинава цените за нијанса ќе бидат поскапи од лани.

– Цените годинава, би рекол, главно ќе се како лани, со многу мал, минимален пораст поради зголемениот ДДВ на угостителските услуги. Лани цените не се зголемија, угостителите ги прездоа сите трошоци, меѓутоа оваа година очекуваме мали промени на цените – истакна во таа пригода Томопулос.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руските трупи влегоа во воздушната база во Нигер каде се стационирани американски војници

Рускиот воен персонал влезе во воздухопловната база во Нигер каде се сместени американски војници, по одлуката на нигерската хунта да ги протера американските сили од земјата, пишува Гардијан. Воените офицери...