fbpx

Гореше автобус што носел ученици од Штип на излет

-

Основци од Штип, кои тргнале на еднодневен излет, се превезувале со автобус, кој 20-тина минути откако тргнал почнал да чади. Децата веднаш биле извадени од автобусот и сместени на безбедно место, додека, како што раскажуваат очевидци, возачот се обидувал да го реши проблемот. Меѓутоа, набргу чадот преминал во оган. Била повикана екипа од Територијалната противпожарна единица и набргу пожарот бил изгаснат.

Овој автобус бил прв од конвојот од неколку автобуси, кој превезувал деца од прво до петто одделение на локација кај селото Пиперово. Учениците од погорните одделенија со уште неколку автобуси претходно успеале да стигнат на друга локација кај селото Брест.

СВР Штип информираше дека денеска околу 10.10 часот до штипската Територијалната противпожарна единица било пријавено дека се запалил автобус кај клучката од село Лесковица кон село Пиперово.

Од ОУ „Гоце Делчев“ потврдија дека навремено е интервенирано и децата се извадени од автобусот. Третооделенците веднаш биле однесени во селото и не го виделе моментот на палењето на автобусот.

Како што дознаваме, еднодневниот излет е организиран како што налага законот, преку туристичка агенција избрана на тендер.

Основен јавен обвинител изврши увид на местото на настанот.

По трагичната автобуска несреќа со автобусот на „Дурмо турс“, Министерството за образование и наука побара поголемо внимание од училиштата при изборот на автобуси за превоз на ученици.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...