fbpx

Пендаровски: Ќе инсистирам реформа на безбедносните и разузнавачки служби согласно стандардите на НАТО

-

Како претседател на Северна Македонија, имајќи ги предвид моите надлежности во безбедноста и разузнавачките служби, ќе инсистирам на нивно темелно реформирање согласно сите највисоки стандарди на НАТО, рече претседателот Стево Пендаровски на средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Како држава остануваме посветени на придонесот за зачувување на глобалниот мир и стабилност, борбата против меѓународниот тероризам, за што сме подготвени во наредниот период да го зајакнеме нашето учество во мировните операции под водство на НАТО. За нас членството во НАТО е еден од најголемите кохезиони фактори во нашето мултиетничко општество, а поддршката за процесот е константно висока години наназад, што не обврзува како држава да продолжиме со реформите и како полноправна членка на НАТО“, рече Пендаровски.

Тој додаде дека членството во НАТО позитивно ќе се одрази на регионалната безбедност и стабилност, со што влијанието на надворешните фактори ќе биде сведено на минимум.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...