понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: основци | 34 резултати

Бесплатни часови по пливање за 1.000 првачиња и деца со попреченост во Општина Аеродром

септември 24, 2022

Во продолжение ја пренесуваме проверката на „Вистиномер“ на исполнетост на изборно ветување на сегашниот градоначалник на општина Аеродром, Тимчо Муцунски: Ветување: Бесплатното пливање за сите првачиња, почнувајќи од септември 2022 година [Извор: Прес-конференција на градоначалникот Тимчо Муцунски;  Датум: 20.01.2021 г.]    ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски,  во јануари на презентацијата  на општинскиот Буџет за […]

Учениците кои освојуваат признанија на меѓународни натпревари имаат потреба од системска поддршка

септември 5, 2022

Во втората половина на август во Прага се одржа меѓународниот натпревар по знаење и критичко мислење „World Scholars Cup“, или во неофицијален превод „Светски куп на ученици-научници“, на кој успешно учествуваа и пет екипи од Северна Македонија. На натпреварот „Prague Global Round 2022“, oдносно „Глобална рунда во Прага 2022 година“ учествуваа над 400 ученици од […]

Започна новата учебна година за 255.000 основци и средношколци

септември 1, 2022

Од денеска учениците се враќаат во училишните клупи. Утринава, новата учебна година започна за над 255.000 ученици во основно и средно образование. Од нив, 18.000 се првоодделенци. Први септември означува нови почетоци, почеток на нови подвизи и нови успеси, истакна министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, кој на првиот училиштен ден го посети новоизграденото […]

Стручното образование нуди поголем избор за професија – 70% од деветтооделенците запишаа стручно училиште

јули 2, 2022

„Учи паметно, работи стручно“, оваа година звучи примамливо за голем број основци што наесен започнуваат ново, средношколско поглавје. Дури 7.698 ученици од првиот уписен рок годинава, се со цврста одлука да се запишат во средно стручно училиште. Наспроти тоа, 3.971 ќе појдат во гимназиско училиште, што е речиси половина помалку од пројавениот интерес за стручното […]

Последниот училиштен ден за основците од Сарај заврши исполнет со љубов и емпатија кон животните и луѓето [Галерија]

јуни 10, 2022

Основците од скопската Општина Сарај последниот училиштен ден го поминаа на несекојдневен начин. Околу 20 ученици од Долно Свиларе наместо вообичаените прослави за успешниот крај на учебната година имаа забавен ден исполнет со дружба и игра близу скопскиот аквадукт во прифатилиштето за бездомни кучиња Хепи Шелтер. Во организација на Здружението на граѓани Нексус граѓански концепт […]

Наградени средношколци-автори на стрипови од регионот на конкурсот со тема регионално помирување

јуни 8, 2022

Како дел од заедничката имплементација на меѓународниот стрип конкурс „ALL WE ARE SAYING IS GIVE RECONCILIATION A CHANCE“, денеска во Центарот за култура „ГРАДАЦ“ во Рашка, Србија ќе се одржи изложба од сите стрипови пристигнати на овој конкурс на тема регионално помирување. Организација која е носител на овој проект е Стрип центар на Македонија-Велес, информираат […]

Основци селектираа и реупотребуваа отпад

јуни 1, 2022

Унијата на македонски асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје, со поддршка од Делегацијата на Европската Унија и Министерството за култура организираше работилници за заштита на животната средина и соларна проекција на филм во Скопје и Гостивар, кои ги проследија над 100 основци. Во соработка со Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, завчера беше организирана работилница […]

Започна државното тестирање, се проверува колку учениците се функционално писмени

јуни 1, 2022

Во 79 училишта на македонски и на албански наставен јазик, денеска започна државното тестирање на основците, кое за прв пат се организира во нашата земја. Годинава државен тест полагаат само третоодделенци, избрани по случаен избор. Планот е сега ваков тест да полагаат само третоодделенците, в година – и третоодделенците и петтоодделенците, а потоа ќе бидат […]

Млади еко иноватори добија средства за да реализираат решенија за заштита на водните ресурси

април 18, 2022

Пет тима составени од деца и млади на возраст од 13 до 19 години добија по 120.000 денари за да го реализираат своето иновативно решение за подобрување и заштита на водните ресурси во заедниците во кои живеат и да ги намалат штетните ефекти од климатските промени, информираат од УНИЦЕФ. На онлајн-работилницата за креативно размислување младите […]

Основците од „Ј.Х.Песталоци“ денеска во посета на Центарот за селекција на отпадот во Карпош

февруари 18, 2022

Триесетина ученици од четвртите одделенија од основното училиште „Јохан Хајнрих-Песталоци“ од скопската општина Центар во текот на денешниот ден го посетија Центарот за селекција на отпадот во Карпош. Во униформи, при посетата учениците беа придружени од службите на Јавното претпријатие Комунална хигиена од Скопје. „Стручните служби на ЈП Комунална хигиена-Скопје ги запознаа учениците со работата […]

Средношколците пресреќни што се враќаат на училиште, одржувањето растојание во училниците е проблем

септември 1, 2021

По речиси година и пол, основците и средношколците во државата денеска се вратија во училишните клупи. На влезовите во училиштата, ги пречекаа нивните наставници и професори кои ги спроведуваа до училниците. Наставата на првиот училишен ден беше со скратени часови. На учениците им беше мерена телесната температура, беше вршена дезинфекција, а во зградата не влегуваа […]

Постои можност за санкции за училиштата кои нема да ги почитуваат протоколите, вели Царовска

октомври 3, 2020

По неодамнешната најава на директорот на средно училиште во Дебар дека ќе организира настава со физичко присуство иако нема одобрение за тоа, министерката за образование и наука, Мила Царовска денеска изјави дека има начини за санкционирање за оние кои нема да ги почитуваат донесените одлуки. „Постојат можности за санкционирање согласно законот. Одлуките на Владата се […]

Царовска: Најавата за бојкот на онлајн наставата е неодговорна

октомври 2, 2020

Најавувањето на бојкот или нарушувањето на протоколите во училиштата е неконструктивен начин на надминување на корона кризата. Сметам дека секој од нас е одговорен за јавното здравје. Ако некој директно и свесно го нарушува здравјето на другиот тоа е прекршување на Уставот, изјави министерката за образование и наука, Мила Царовска при денешната посета на училиштата […]

Учебната година заврши надвор од училишните клупи поради пандемијата со ковид-19

јуни 10, 2020

Денеска формално заврши учебната година за основците и средношколците, овој пат во вонредни услови и надвор од училишните клупи. Пандемијата со корона вирусот ги затвори училиштата на 11 март, а оттогаш па наваму образовниот процес се одвиваше онлајн. По повод крајот на учебната 2019/2020 година, министерот за образование и наука, Арбер Адеми им честиташе на […]

Промовиран нов водич за заштита на детските права во основно образование

јануари 28, 2020

Коалицијата на младински организации „СЕГА“ промовираше „Водич за ученичко учество, ученичко организирање и заштита на детските права во основните училишта“, за полесна примена на одредбите од Законот за основно образование кои се однесуваат на ученичко учество и организирање. „Преку овој проект, во текот на една декада, значително се придонесе кон подобрување на примената на Конвенцијата […]

Патувачка работилница за видео-игри за основци

ноември 11, 2019

Патувачка работилница за деца за изработка на видео-игри од утре тргнува во неколку градови во државата (Свети Николе, Крива Паланка, Чашка, Радовиш).  Работилницата е наменета за деца од трето до деветто одделение. Идејата е децата да се запознааат со концептите поврзани со дизајнирање на видео игри на забавен и лесно разбирлив начин. Првата работилница ќе […]

Владата воведува антикорупциско образование за основците

септември 17, 2019

Учениците во основните училишта во земјава оваа учебна година ќе учат и содржини за борбата против корупцијата, решила Владата на својата денешна седница. Владиниот кабинет ја прифатил Информацијата за активностите за спроведување на клучните мерки од делот Антикорупција од Стратегијата за Југоисточна Европа 2020. Веднаш било издадено задолжение за Министерството за образование и наука во […]

Училиштата се празнат, се намалува бројот на ученици (инфографик)

август 26, 2019

Во пресрет на новата учебна 2019/2020 година, статистиките покажуваат дека се „топи“ бројот на запишани ученици во основните училишта. Овој податок, експерите го поврзуваат со останатите демографски индикатори, намалениот наталитет и интензивното иселување, се поприсутно и кај семејства со деца на помала возраст, се вели во неделната економска анализа на „Порталб.мк“. Од учебната 2007/2008 година […]

Годинава за една третина помалку првачиња во штипските училишта

јули 3, 2019

Дури три од четирите основни училишта во Штип бараат Општината да им одобри постоење на паралелки помалку од законскиот минимум од 24 ученици. Во подрачните улилишта пак, се бара одобрување за комбинирани паралелки. Во Чардаклија има паралека со само седум ученици и тоа од прво, второ и петто одделение. Од средните училишта засега само гимназијата […]

Со амин на Адеми, сите одлични основци ќе бидат примени во „Орце Николов“ без тестирање

јуни 20, 2019

Сите ученици со сите петки, кои се пријавиле за упис во скопската гимназија „Орце Николов“, нема да полагаат квалификациони тестови и ќе бидат примени во постоечките паралелки. Ова е последната одлука на надлежните во Министерството за образование и наука (МОН), по денешната средба со родителите на ученици кои поднеле документи за упис во ова училиште. […]

Страна 1 од 2