fbpx

Го затекнале при грабеж, па се заканил со пиштол

-

На 12 септември годинава, околу 20 часот, полициски службеници од полициската станица Кавадарци го привеле С.Н.(31) од Кавадарци, поради постоење основи на сомневање дека извршил разбојничка кражба.

Осомничениот половина час пред неговото приведување, влегол во куќа лоцирана на улицата Шишка во населба Глишиќ во Кавадарци и во моментот кога одзел кутија со мобилен телефон, бил затекнат на местото на настанот од сопственикот на куќата.

За да го задржи одземениот предмет, осомничениот извадил пиштол и при излегување од куќата, истрелал еден куршум во воздух, по што побегнал. По наредба на судија во претходна постапка, извршен е претрес во неговиот дом во Кавадарци, при што се пронајдени повеќе предмети што потекнуваат од претходно извршени кривични дела. Осомничениот со поднесена кривична пријава за разбојничка кражба и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, е изведен пред надлежен суд и му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Се работи на документирање и на други кривични дела од областа на имотните деликти за кои сега истиот е осомничен, по што ќе следат дополнителни поднесоци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...