fbpx

Продале на црно бакар од ЕМО, а го пријавиле за украден

-

Поради постоење основи на сомневање за сторени четири кривични дела, од кои две лажни пријавувања на кривично дело, несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Ф. (48) од охридското село Трпејца и З.Д. (44) од Охрид.

Првопријавениот како генерален директор на АД „ЕМО Охрид“, а второпријавениот како директор на погон, во текот на декември минатата година со пропуштање должен надзор или на друг начин, несовесно постапувале во вршењето на своите овластувања и должности, со што предизвикале штета на АД ЕМО и стекнале противправна имотна корист од 600.000 денари.

Тие во текот на минатата година, од филијалата на ЕМО во Крушево примиле 100 килограми месинг, кој не го пријавиле во службените евиденции. Месингот потоа го продале во претпријатието за откуп на метални суровини ДООЕЛ „Вибел експорт“ – Белчиша, што исто така сметководствено и записнички не го евидентирало. Пријавените, кон крајот на минатата година, во СВР Охрид пријавиле кражба на околу 1.500 килограми бакар. Лажното пријавување го направиле иако претходно, со знаење на З.Д., бакарот бил продаден во претпријатието за откуп на метални суровини ДООЕЛ „Вибел експорт“ – Белчиша, а потоа препродаден на ДООЕЛ „Павор“- Скопје. За извршената продажба на месингот и на бакарот, пријавените не составиле записник и не го пријавиле до надлежните служби во АД ЕМО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...