fbpx

Германија потврди апсење на три лица од Косово

-

Германското обвинителство денеска потврди дека се уапсени три лица од Косово во автомобил со белгиски регистарски таблички кај Минхен, во близина на границата со Австрија.

Баварскиот обвинител, Флоријан Вајнзирл, рече дека во тек е истрага за да се утврди дали се оправдани сомнежите дека подготвувале сериозно злосторство.

– Ги истражуваме нивните изјави, ги анализираме документите и од тоа зависи дали ќе бидат задржани во притвор. Засега немаме сознанија за нивна поврзаност со нападите во Брисел – рече Вајнзирл.

Германија по нападите во Брисел ги зголеми мерките за безбедност на аеродромите, железничките станици, како и на границите со Белгија, Франција, Холандија и со Луксембург.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.