Климатските промени се сериозни закани за земјоделството

-

Воведувањето на нови технологии во земјоделството e неопходнo за борба против климатските промени, бидејќи тие се сериозни закани по родот.

Ова беше истакнато на денешната прес-конференција на Сојуз на стопански комори (ССК), на која, исто така, беа дадени предлози за имплементација на нови технологии во секторот, кои ќе придонесат за ублажување на негативните последици.

Годинава, поради поволноста на временските услови, кои беа во одредена мера подобри од минатогодишните, се очекува подобар род, односно поголем принос по хектар од генерално просечниот принос од минатата година од 2,6 тони по хектар.

– Ова би значело намалување на потребата за увоз на пченица и на брашно, кое, за жал, во изминатите три години бележи тренд на зголемување. Само минатата година во Македонија беа увезени 97.538 тони пченица и 47.835 тони брашно и тоа во најголем процент од Србија – истакна претседателот на агро-бизнис комората при ССК, Огнен Оровчанец.

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Скулптурата „Отровни стрели“ поставена на скверот кај Порта Буњаковец

На скверот кај Ким во Порта Буњаковец, во центарот на Скопје, поставена е впечатлива уметничка инсталација, насловена „Отровни стрели“. Идејата за оваа скулптур, која го претставува говорот на омраза како невидливо,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени...