fbpx

Фондот за здравство одобри лекување во странство за малата Ханита Салиу

-

Фондот за здравствено осигурување одобри средства за лекување во странство за Ханита Салиу, која има иста дијагноза како малата Тамара Димовска од Велес која почина минатата година.

Малата Ханита во јавност се појави на 9 фебруари на протестот на годишнината од смртта на Тамара. Таткото на девојчето, Садула Салиу, тогаш изјави дека двапати побарале помош од државата, но биле одбиени со образложение дека маната била вродена.

– Случајот на Ханита е ист како тој на Тамара. Таа има искривување на пршлените и ако оваа година не добие помош, количка не ѝ бега. Досега четирипати сме биле во Анкара и сè е на наш трошок. Повеќе немаме сили. Операцијата, колку што знам, чини 20.000 евра. Испративме барања до фондот, но двапати нè одбија – изјави Салиу.

По протестот експресно реагираше Фондот за здравствено осигурување од каде преку соопштение рекоа дека преземаат активности и дека утврдиле дека нема конзилијарно мислење од соодветна македонска здравствена клиника и дека нема поднесено барање за лекување во странство. Тогаш Фондот соопшти дека доколку биде поднесено барање за лекување во странство, Фондот во законски утврдените рамки ќе донесе одлука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...