fbpx

Наместо планираните 76, државата се задолжи со 81 милион евра

-

Наместо првично планираните 75,76 милиони евра, државата се задолжи 81 милион евра кај домашните кредитори.

За ова поголемо задолжување реагираше и дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов.

– Заклучно со денешната аукција, нето-долгот од почетокот на годината е 60 милиони евра. Министерот Ставрески треба да им објасни на граѓаните која е основата за овие задолжувања.
Дали овие средства планира да ги „истури“ во предизборниот период или е свесен за реалната економска состојба и за погрешните економски политики на Владата во изминатиот период? Дали ваквите задолжувања се последица на општата намалена економска активност и на драстичното намалување на редовните приливи во буџетот? – се вели во реакцијата на Наумов.

Според соопштението од кабинетот на Наумов, и Народната банка во последниот извештај за макроекономските показатели констатирала потфрлање во приливите од ДДВ, данокот со најголемо учество на приходната страна.

– Во 2015 година, и според Народна банка приливите од данок на додана вредност (ДДВ) се пониски за 6,3 отсто од проектираните и, што е уште поалармантно, во апсолутен износ приливите од ДДВ во 2015 година се пониски од износот собран во 2014 година – се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народната банка додели награди на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството

Народната банка, на денот на монетарната независност, 26 април, ја одржа годишната свеченост за доделување на наградата на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството. Овогодинешниот победник беше Никита...