fbpx

ФИФА не му го одзеде мандатот на Катар за СП во 2022

-

Етичкиот совет на ФИФА го ослободи Катар од обвинувањата за корупција при доделување на Светското првенство во 2022 година. Нема да има сакнции ни за членовите на Извршниот комитет на ФИФА ниту за претседателот на ФИФА ,Сеп Блатер, кој е, исто така, ослободен од секакво сомневање за поткупливост или нерегуларно влијаење врз одлуките.
Етичкиот совет, на чие чело беше претседателот Ханс Јоаким Екерт, констатирал неправилности кај сите земји-кандидати за домаќини на СП во 2022 година, но и дека ниеден прекршок не е доволно голем за да биде клучен при доделувањето на Светското првенство.
Во истрагата што ја водеше независниот адвокат Мајкл Гарсија беа вклучени повеќе луѓе од светот на фудбалот.
Пред четири години, во трката за домаќин, покрај Катар, учествуваа и САД, Јапонија, Австралија и Јужна Кореја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...