fbpx

Две пресуди за десничарски милитанти во врска со упадот во Конгресот

-

Водач на крајно десничарска милитантна организација е прогласен за виновен за заговор за спречување на постапката за преземање на функцијата на претседателот на САД, по изборите во 2020 година, јави Би-Би-Си.

На големо судење со порота, Стјуарт Роудс, основач на „Оут Киперс“ (Oath Keepers – Почитувачи на заклетвата), по два месеца судски рочишта, беше прогласен за ретко споменуваното кривично дело според законодавството во САД, т.е. заговор против врховните власти на САД, што носи затворска казна до 20 години или поблаги казни, вклучително и глоби.

Обвинителството во судскиот процес обвинуваше дека Роудс створил заговор за вооружен бунт што ќе го спречи преземањето на претседателската функција од Доналд Трамп на Џо Бајден.

Со Роудс, им се судеше уште на четиримина за истото дело – Џесика Воткинс, Кели Мегс и Кенет Харелсон, коишто всушност влегоа во Капитолот во Вашингтон за време на упадот на 6 јануари 2021 година.

Истата пресуда како Роудс ја доби и Мегс, а другите обвинети, заедно со петтиот – Томас Калдвел – не беа прогласени за виновни за заговор против врховните власти на САД. Сепак, сите според законите на Амерка се виновни за попречување официјална церемонија.

Роудс, кого што обвинителите го нарекоа „фронтовски генерал“ во време на упадот, исто така е прогласен за виновен за преправање документи или постапки. Оваа пресуда беше донесена по тродневно заседавање на поротата во овој процес. Овој судски процес е првиот по 1995 година, кога исто така се судеше за заговор против врховните власти на САД, а во случајот беа вклучени 10 исламски милитанти, коишто планирале да постават бомби на главните обележја на Њујорк.

Инаку, кривичното дело заговор против врховните власти на САД датира уште од Граѓанската војна, и тогаш првпат е актуелизирано во контекст на јужњачките сили што се бореле против владата на САД.

Сегрегацијата, заедно со ропството, коишто се една од главните причини за Граѓанската војна, САД ги укинува отприлика еден век по Граѓанската војна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...