Две лице се повредени во сообраќајната несреќа при директен судир на две возила што се случи вчера попладне на регионалниот пат Куманово-Скопје, кај село Никуштак
Во несреќата учествувале два автомобили, „рено“ со скопски регистарски ознаки управувано од 50-годишниот С.Ј. од Кратово и „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал 36-годишниот С.С.
Возачот на „аудито“ се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Кумановската болница и е задржан на лекување. Неговиот сопатник е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.