fbpx

До 9 часот одѕивот на гласачите е 5 отсто, процентуално најмногу гласале во Ранковце (15%)

-

Од утрово од 7 часот се отворени сите гласачки места во вкупно 44 општини каде се бира градоначалник во вториот круг на Локалните избори 2021 година. До 9 часот гласале нешто повеќе од 5 отсто од гласачите. Процентуално земено, најмногу гласале во Ранковце, 15 отсто, но во апсолутни бројки највеќе гласачи до 9 часот излегле на избирачките места во Битола – 5.711 (7,18%), Карпош – 3.678 (6,74%) и Куманово – 3.639 (4,26%).

Граѓаните гласааат на 2.481 избирачко место, а се избира градоначалник и на Градот Скопје и на скопските општини Карпош, Чаир, Центар и Шуто Оризари. Право на глас имаат нешто повеќе од еден милион и триста и педесет илјади гласачи (1.353.990).

Според информациите од теренот, гласањето се одвива непречено, освен тоа што е малку забавено поради проверката на отпечатоците од прсти на гласачите.

Евентуалното попречување на гласачкото право или друг вид на изборни неправилности гласачите можат да го пријават на бесплатниот телефонски број на ДИК: 0800 555 44.

Според процедурите, при отчитување на отпечатокот од прст, најпрво на апаратот се става показалец од едната рака, па ако уредот не го препознае, се става показалецот од другата рака. Ако и тогаш не се вчитаат податоците, се дава лична карта или пасош. Ако уредот не ги вчита податоците од личната карта или пасошот, рачно се внесува матичниот број на гласачот.

Како што велат од ДИК на терен има повеќе од 400 лица кои се техничка поддршка за Избирачките одбори и треба да помогнат ако има потешкотии при вчитувањето на биометриските податоци.

Достапен е и телефонски број – 076 488 360 преку кој лицата со оштетен вид, говор и слух можат да се информираат за изборите на знаковен јазик преку видео врска.

Во првиот круг на локалните избори, делумно поради читањето на биометриските податоци, до 17 часот гласаа околу 150.000 гласачи помалку во споредба со првиот круг на локалните избори во 2017 година.

Според веб-страницата на ДИК, ова е одѕивот по општини до 9 часот во вториот круг:

Општина Вкупно избирачи Обработени Гласале Одѕив
Аеродром 66.905 (99,90%)66.836 3.634 5,44%
Арачиново 10.026 (24,93%)2.499 89 3,56%
Битола 80.882 (98,36%)79.557 5.711 7,18%
Боговиње 28.307 (98,86%)27.984 662 2,37%
Брвеница 15.732 (99,94%)15.723 516 3,28%
Бутел 33.364 (99,90%)33.330 1.952 5,86%
Василево 10.688 (99,93%)10.681 954 8,93%
Вевчани 2.075 (55,04%)1.142 120 10,51%
Врапчиште 26.383 (99,96%)26.372 636 2,41%
Гази Баба 61.413 (85,89%)52.748 3.075 5,83%
Гевгелија 19.076 (88,02%)16.791 1.413 8,42%
Ѓорче Петров 38.529 (99,87%)38.480 2.431 6,32%
Гостивар 81.083 (99,89%)80.994 2.728 3,37%
Дебар 19.211 (4,04%)777 40 5,15%
Дебарца 4.35 (99,95%)4.348 310 7,13%
Демир Капија 3.25 (6,46%)210 13 6,19%
Демир Хисар 6.965 (99,21%)6.910 754 10,91%
Долнени 11.84 (67,83%)8.031 255 3,18%
Желино 24.485 (99,98%)24.480 715 2,92%
Зелениково 3.738 (33,73%)1.261 148 11,74%
Карпош 54.639 (99,86%)54.561 3.678 6,74%
Кисела Вода 53.167 (99,88%)53.102 3.528 6,64%
Кичево 50.746 (77,09%)39.118 1.666 4,26%
Конче 2.769 (78,33%)2.169 285 13,14%
Кочани 32.972 (92,92%)30.636 2.199 7,18%
Кратово 7.862 (68,40%)5.378 596 11,08%
Куманово 93.986 (90,97%)85.499 3.639 4,26%
Лозово 1.984 (32,86%)652 63 9,66%
Македонска Каменица 6.735 (71,64%)4.825 432 8,95%
Македонски Брод 4.978 (99,94%)4.975 402 8,08%
Ново Село 11.309 (100,00%)11.309 502 4,44%
Охрид 52.477 (91,33%)47.928 2.692 5,62%
Пехчево 4.072 (70,11%)2.855 392 13,73%
Пробиштип 12.545 (66,80%)8.380 955 11,40%
Радовиш 24.54 (69,21%)16.984 869 5,12%
Ранковце 3.014 (47,91%)1.444 219 15,17%
Ресен 16.378 (99,98%)16.375 1.504 9,18%
Росоман 3.343 (99,94%)3.341 253 7,57%
Сарај 32.967 (99,84%)32.913 541 1,64%
Старо Нагоричане 3.262 (92,09%)3.004 231 7,69%
Струга 61.437 (80,95%)49.735 1.515 3,05%
Студеничани 16.593 (78,23%)12.980 444 3,42%
Теарце 22.45 (99,93%)22.435 619 2,76%
Тетово 85.577 (92,47%)79.134 2.299 2,91%
Центар 43.951 (96,29%)42.321 2.582 6,10%
Чаир 58.208 (82,07%)47.769 1.706 3,57%
Чашка 6.171 (99,89%)6.164 557 9,04%
Чешиново – Облешево 5.39 (99,94%)5.387 464 8,61%
Чучер – Сандево 7.936 (99,81%)7.921 596 7,52%
Шуто Оризари 24.23 (60,98%)14.775 379 2,57%

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...