fbpx

До 17 часот гласале 150.000 гласачи помалку во споредба со локалните избори во 2017 година (инфографик)

-

Одѕивот на гласачите до 17 часот во првиот круг на локалните избори вкупно земено е понизок за околу 16 отсто во споредба со изборите во 2017 година. Во апсолутни бројки, според веб-страницата на Државната изборна комисија, денеска до 17 часот гласале 734.475 лица, а во 2017 година гласале 883.673 лица. Разликата е 149.198 гласачи.

Овие избори метежот на гласачките места се создава поради задолжителната идентификација со апарати за отпечаток од прст. Поради тоа уште од утрината се забележува отежнато гласање на повеќе избирачки места.

Иако претседателот на ДИК Александар Даштевски најави дека гласањето ќе продолжи и по 17 часот во оние места каде што има гласачи кои чекаат ред, факт е дека земањето отпечаток ќе се смета за една од главните причини за намалениот одѕив овие избори.

Тоа го потврди и самиот Даштевски, според кој постојат повеќе причини за метежот на избирачките места: прво избирачкиот список имал повеќе страници, а имало и рекорден број на листи поради што проверката траела подолго, потоа Министерството за внатрешни работи доставило податоци за отпечатоците со лош квалитет, а и мерките заради пандемијата биле дополнителна пречка.


За потсетување, воведувањето на апаратите за отпечаток од прст беше на предлог на опозицијата, како предуслов за учество на изборите. Власта тоа го прифати. Образложението беше дека земањето отпечаток треба да се воведе за да се избегнат злоупотреби при гласањето. Ретки беа реакциите во јавноста дека треба да се внимава на ризиците од злоупотреба на приватноста на граѓаните.

Државната изборна комисија најпрво објави тендер па потоа го поништи без некое детално објаснување туку со напомена дека имало пропусти во постапката. На почетокот на август годинава ДИК објави дека наскоро ќе го потпише договорот за набавка на апаратите од фирмата ДЕРМАЛОГ.

Деталната споредба по општини на одѕивот до 19 часот може да се погледне на следниот инфографик:

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...