fbpx

Детскиот дом „11 октомври“ со британска помош прераснува во современ центар за социјални услуги (галерија)

-

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска го посети Детскиот дом „11 октомври“, кој со процесот на деинституционализација го промени начинот на грижа за децата без родители и родителска грижа од институционален во грижа заснована на групни домови во заедницата.

„Целта на денешната посета на министерката Шахпаска беше увид во активностите за пренамена на овој објект. Во еден дел од објектот се подготвува да отпочне со работа Центар за поддршка на згрижувачки семејства и Центар за мајки и деца, кој периодов наназад се реновираше во соработка со УНИЦЕФ, а со финансиска поддршка на Британската амбасада“, се вели во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.

Министерката Шахпаска ги разгледа просторните можности кои ги нуди објектот за развивање на нов сет на социјални услуги како поддршка на процесот на деинституционализација, а со цел нејзино успешно спроведување.

Во него веќе функционира една од пилот-комисиите за функционална проценка на способностите и попреченоста на децата, согласно методологијата (МКФ) препорачана од Светската здравствена организација.

„Деинституционализацијата не значи само преселба на корисниците од резиденцијалните институции во згрижувачки семејства или групни домови во заедницата. Тоа е првиот, мошне важен чекор. Сега пред нас е предизвикот да ги пренамениме објектите во кои порано живееја корисници и да понудиме нови социјални услуги за граѓаните“, информираат од ова министерство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Наплата на даноци и трошоци за плати и комуналии во 2023: Струга, Тетово, Чаир и Скопје

„Договорни услуги“ во износ од стотици илјади евра, платите и придонесите доминантна трошковна ставка во буџетите на локалните власти. Во второто продолжение на „Анализа“ се претставуваат податоци за приходите...