fbpx

Смит: Насилството врз жените е најраспространето кршење на човековите права на нашето време

На настанот „Има помош за живот без насилство – Инвестирање во родовата еднаквост денес е инвестиција во заедничката иднина“, претставници од МТСП, УНФПА, и британска амбасада ги истакнаа успесите на проектот „Превенција и заштита од родово базирано насилство во Северна Македонија“

-

Насилството врз жените е најраспространето кршење на човековите права на нашето време. Вкоренети во родовата нееднаквост, насилството врз жените и девојчињата ги загрозува животите и благосостојбата на девојките и жените и ги спречува да пристапат до можности кои се основни и за слободата и за развојот: образование, здравство, работни места.

Ова го изјави денеска заменик-амбасадорката на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Џулија Смит, на настанот „Има помош за живот без насилство – Инвестирање во родовата еднаквост денес е инвестиција во заедничката иднина“, организиран од  Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА во Скопје, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и со поддршка на Британската амбасада во Скопје.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска посочи дека Република Северна Македонија е една од првите земји кои ја потпишуваат Истанбулската конвенција, што значително придонесува кон унапредување на прашањето за насилството врз жените и семејното насилство.

„Министерството за труд и социјална политика посветено работи на унапредувањето на системот за справување со родово базираното насилство врз жените и семејното насилство. Во тој контекст се подготвија подзаконски акти кои  се однесуваат на итните и привремени мерки за постапување и подзаконски акти со што ќе се обезбеди сеопфатен пристап, координиран мултидисциплинарен одговор како и систем за градење на капацитетите на професионалците, интегрирано собирање на податоци како и реинтеграција на жртвите на родовото базирано насилство врз жените и семејното насилство, во согласност со меѓународните стандарди“ истакна Тренчевска.

„Нашата цел не е само да обезбедиме привремен одмор од насилството, туку да изградиме иднина каде насилството е незамислив концепт. Тоа бара заеднички напори на институциите, граѓанското општество, приватниот сектор и поединци како секој од нас“, рече сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска.

Шефицата на канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија, Афродита Шаља, рече дека денешниот, Светски ден на населението е потсетник дека во свет на 8 милијарди луѓе можеме да се постигне просперитетна, мирна и одржлива иднина за секого.

„На овој ден ги заживуваме разговорите и напорите за зајакнување на жените и девојките за еднакви права и избор во свет од 8 милијарди. Унапредувањето на родовата еднаквост бара да ги слушаме гласовите на жените, девојките и другите маргинализирани луѓе за да ги разбереме предизвиците со кои се соочуваат во остварувањето на нивните соништа и потенцијал“, рече таа.

На настанот беа презентирани Протоколот за меѓусебна соработка на надлежни субјекти за преземање мерки за превенција, спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, системот за управување со информации за родово базирано насилство, анализата на СОС линиите за помош за жртви на родово базирано насилство во Северна Македонија и Етичкото известување за родово-базираното насилство во Северна Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...