fbpx

Метју Лосон: Чест ми е што зборувам македонски јазик со луѓето во оваа прекрасна земја

Како што би рекол и познатиот македонски писател Блаже Конески „јазикот е нашата татковина”, вели амбасадорот Лосон во своето видео-обраќање

-

Денеска, на 5 Мај се одбележува Денот на македонскиот јазик. По тој повод, британскиот амбасадор Метју Лосон објави видео на кое зборува на македонски и вели дека му е чест што има можност да го учи јазикот.

„Денес го одбележуваме Денот на македонскиот јазик. Како британски амбасадор, чест ми е што имав можност да го научам македонскиот јазик и да можам да зборувам слободно со луѓето во оваа прекрасна земја. Како што би рекол и познатиот македонски писател Блаже Конески „јазикот е нашата татковина”, вели Лосон во видеото.

Тој минатата година во октомври, положи испит за познавање на македонски јазик, ниво Ц1. За ова Лосон објави на Твитер, каде што постираше и кусо видео-обраќање во кое им порачува граѓаните да го негуваат јазикот и културата.

„Одличен почеток на неделата со сертификат за положен испит по македонски јазик. Ми претставува чест и задоволство што го учам овој прекрасен јазик“, напиша амбасадорот на Твитер.

Денот на македонскиот јазик е прогласен во чест на 5 мај 1945 година, кога тогашната народна Влада на Народна Република Македонија, ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...