fbpx

Денеска регистрирани 436 нови случаи на ковид-19, пријавени се 7 починати лица

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.732 тестирања, а регистрирани се 436 нови случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје – 203, Битола – 24, Куманово и Кавадарци – по 22, Велес и Штип – по 21, Прилеп – 19, Кочани – 16, Тетово – 12, Пробиштип – 9, Охрид – 8, Неготино и Свети Николе – по 6, Кичево, Крива Паланка и Делчево – по 5, Струмица и Берово – по 4, Гевгелија, Кратово и Дојран – по 3, Гостивар , Радовиш, Ресен, Виница, Валандово и Демир Хисар – по 2, Струга, Крушево и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Скопје (66г, 69г и 86г) и по едно починато лице од Кавадарци (79г), Охрид (76г), Демир Хисар (17г) и Штип (73г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, се пријавени 4 починати лица со датум на смрт од 01.09.2021 година до 22.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Гостивар, по едно починато лице од Кочани и Кичево на возраст од 55 до 86 години.

Регистрирани сe 321 оздравени пациенти од: Скопје – 145, Куманово – 32, Штип и Прилеп – по 20, Велес – 17, Кочани – 14, Кавадарци – 12, Битола – 9, Крива Паланка – 8, Струмица – 6, Кичево и Гевгелија – по 5, Тетово и Кратово – по 4, Пробиштип – 3, Свети Николе, Гостивар, Ресен, Виница, Крушево, Дебар и Богданци – по 2, Радовиш, Валандово и Демир Хисар – по 1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 201.292, бројот на оздравени пациенти е 187.695, на починати е 7.098, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 6.499.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...