Фото: Арбнора Мемети

По подолго време, бројот на активни случаи на заболени од ковид-19 во земјава опадна под 8.000. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 678 тестирања, а откриени се 61 нов случај на заболени од ковид-19 во: Скопје – 35, Кавадарци –7,  Тетово – 3, Прилеп – 3, Штип – 3 , Охрид -2, Струга -2, Кочани – 2, Куманово – 1, Гостивар -1, Велес – 1 и Крива Паланка – 1.

Вкупниот број на активни случаи во земјава сега изнесува 7.766, а придонес во ова има бројката од 440 пациенти кои се регистрирани како оздравени денеска, и тоа од: Скопје – 266, Кавадарци – 26, Куманово – 23, Битола – 18, Прилеп – 17, Тетово – 13, Струмица – 12, Штип – 10, Кочани -9, Велес – 7, Гостивар – 6, Крива Паланка – 5, Берово – 5, Пробиштип – 5, Кичево – 3, Гевгелија – 2, Неготино – 2, Ресен – 2, Виница – 2, Богданци – 2, Охрид – 1, Свети Николе -1, Радовиш – 1, Демир Хисар – 1 и Пехчево – 1.

Починати се 11 лица, 6 пациенти од Скопје (83, 83, 82, 81, 73 и 67г), два од Гостивар (60 и 61г ) и по еден од Охрид (83г), Струмица (75г) и  Тетово (77г). Сите 11 пациенти се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 457.019 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 92.753, бројката на оздравени пациенти е 82.121, а на починати е 2.866.