Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 3.239 тестирања, а регистрирани се 9 нови случаи на ковид-19 од: Скопје и Кичево – по 3, Битола, Штип и Дебар –  по 1.

Регистрирани се 13 оздравени пациенти од: Куманово – 4, Скопје – 3,  Виница – 2, Прилеп, Тетово, Штип и Кичево – по 1.

Изминатово деноноќие регистрирани се 3 починати лица од: две починати лица од Скопје (86г) и (70г) и едно починато лице од Тетово (65г). Сите пријавени се починати во болнички  услови.

Досега во земјата се направени вкупно 867.233 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.663, бројката на оздравени пациенти е 149.946, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи на ковид-19 во моментов изнесува 233.