fbpx

Давутоглу им порача на Курдите: Положете го оружјето, па потоа преговори

-

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу порача дека нема да преговара за мир со курдските бунтовници сè додека тие не го положат оружјето.

Давутоглу ова го изјави во Мардин, град на југоистокот на земјата, каде го изложил владиниот план за обнова на мнозинско курдскиот регион, по завршувањето на операциите на безбедносните сили против екстремистите поврзани со Работничката партија на Курдистан (ПКК).

– Владате ќе се консултира со жителите на регионот за напорите да се оконча судирот – рече Давутоглу, додавајќи дека „тие со оружје нема да бидат прифатени како соговорници“.

Судирите меѓу турските сили и ПКК се обновија во јули минатата година, загрозувајќи го и онака нестабилниот мировен процес, покренат во 2012 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...