fbpx

Три години затвор за полицаец поради убиство

-

За убиство во нужна одбрана на тригодишна казна затвор е осуден полицаецот од Свети Николе, Бранко Петков, пресуди судијата Сашко Георгиев од Основниот суд во Штип. Роднините на починатиот Далибор Илиевски во шок ја дочекаа пресудата. Мајката на Далибор револтирано праша „дали судот донесе вака мала казна за убиство, само поради тоа што тие имаат темна боја на кожата“.

Судот оценил дека полицаецот Петков ги пречекорил овласувањата кога пукал во 30-годишниот Далибор Илиевски лани во септември по обид да го легитимира по што дошло до вербална расправија. Илиевски го придивижил возилото, држејќи го полицаецот за рака. Потоа откако ја зголемил брзината, полицаецот паднал на земја. Илиeвски двапати се враќал во намера да го прегази, по што полицаецот пукал во него во полуседечка положба.

Бранителот на полицаецот, Бранко Петков, најави дека ќе бара ослободителна пресуда.

– Делото е извршено при вршење службена должност и неколкукратно физичко атакување врз животот и здравјето на полицаецот, а по вина на оштетниот Далибор – рече адвокатот Димче Поцков.

Полицаецот денеска излегува на слобода до правосилноста на пресудата. Од друга страна, семејството Илиевски најави жалба пред Апелацискиот суд во Штип.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...