fbpx

Д-р Даниловски: Нема друго чаре освен радикален lock-down

-

Владата започна со примена на уште порестриктивните мерки кои беа најавени пред два дена. Од денеска, во работните денови забраната за движење започнува во 16 часот и трае до пет часот следниот ден, а следниов викенд, за прв пат ќе биде забрането движењето во периодот од петок во 16 часот, до понеделник во пет часот утрото.

Не смееме да дозволиме страотна навала на заразени пациенти, затоа се и вакви мерките, вели епидемиологот д-р Драган Даниловски за „Мета.мк“, кој заговара уште порестриктивни мерки.

– Нашите мерки, дури и оние пред овие, не вродија со плод. Бројот ни се удвојува на пет-шест дена, а тоа е класичен експоненцијален пораст. Тука друго чаре нема, освен радикален lock-down (затворање, карантин), за да максимално се редуцираат веројатностите за меѓучовечки контакти. Ова ќе резултира со забавување (не сопирање) на растот на бројките – и на болни и на починати пациенти – вели Даниловски.

Зошто радикални мерки се потребни? Затоа што не сме земја со неограничени ресурси. И една Америка, губи здив под налетот на оваа стихија, додава тој.

– Општоприфатен принцип во епидемиологијата е да се направи сѐ, за да се растегне времето на јавување нови случаи (до достигнување на прагот на колективниот имунитет), т.н. зарамнување на епидемиската крива, а не да се дозволи експлозивен пораст, кој ќе го надмине капацитетот на здравствениот систем. Се разбира, тоа зарамнување се спроведува со одредени мерки, пред сè, рестриктивни и со активно барање на фокуси на инфекции. Додека не се најде специфична профилакса (вакцина). Тогаш, со вакцинирање ќе се обезбедува колективниот имунитет (во случајов со ковид-19, прагот е 60 отсто од населението) – појаснува Даниловски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...