fbpx

Црвен крст на Македонија отвори сметки за донации за настраданото население во Бејрут

-

Црвениот крст на Република Северна Македонија се приклучи кон светската хуманитарната донација со цел ублажување на последиците и пружање помош и поддршка на настраданото население поради експлозијата во пристаништето во Бејрут.

„Сите заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат со обезбедување на парична помош на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Либан. Може да се донираат и 100 денари со повик на телефонските броеви 070 / 075 / 077 143 400,“ се вели во соопштението.

Средствата може да се донираат почнувајќи од денеска до 20 август и истите ќе бидат префрлени на Црвен крст Либан за настраданото население во Бејрут.

Според последните информации, бројот на загинати од катастрофалната експлозија се зголеми на 154, околу 5.000 се повредени, а 120 лица се во критична состојба.

Канцеларијата на ООН за човекови права денеска побара да се спроведе независна истрага за експлозијата во Бејрут. Од таму ги повикаа либанските лидери да го надминат политичкиот застој и да одговорат на потребите на населението.

Граѓаните вчера преку демонстрации побараа одговорност од Владата заради негрижата во врска со чувањето на 2.750 тони амониум нитрат во складиште во пристаништето во Бејрут.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...