fbpx

Свежиот и разладениот зеленчук во јули поевтиниле за 21,3 отсто

-

Свежиот и разладениот зеленчук (освен компирите и другите коренести плодови) во јули годинава поевтиниле за 21,3 отсто во споредба со претходниот месец, или како што објави денеска Државниот завод за статистика, за толкав процент имало намалување на индексите на трошоците на животот во јули 2020 година, во споредба со јуни.

Воедно, минимален пад на цените, односно на индексот на трошоците на живот, е евидентиран кај свежото и разладеното овошје, за 0,7 отсто, пивото за 0,4 отсто, жестоките пијалаци за 0,3 отсто и кај млекото, минералната вода, газираните пијалаци и соковите од овошје и зеленчук за 0,2 отсто.

Истовремено, во јули е регистриран пораст на индексите на трошоците на животот кај течните горива за домаќинствата за 35,5 отсто, а кај горивата и мазивата за сопствени превозни средства, за 4,6 отсто.

За една година, порастот на цените изнесува 1,3 отсто, односно, индексот на трошоците на животот во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, бележи зголемување од 1,3, додека цените на мало останале на истото ниво како и лани.

Според ДЗС, на месечно ниво, цените во јули паднале за 0,2 отсто, во однос на јуни годинава, односно индексот на трошоците на живот изнесувале 99,8, додека цените на мало се зголемиле за 0,9 отсто, или, индексот на цени на мало бил 100,9.

Во јули намалување на цените е забележано кај информатичката опрема за 2,3 отсто, резервните делови и приборот за сопствени превозни средства за 2,1 отсто, моторните возила за 1,4 отсто и друго. Додека, кај гасот за домаќинствата цените се зголемиле за 3,2 отсто, услугите за рекреација и спорт поскапеле за 2,1 отсто, велосипедите за 1,6 отсто и слично.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...