Чичаковски: Не утврдивме датум до кога треба да се прочисти избирачкиот список

-

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, по завршувањето на средбата со техничкиот премиер за спроведување  на изборите, Емил Димитриев, и со членовите на Владата рече дека се разговарало за сите можности за соработка во процесот за подготовка на изборите во Македонија.

Чичаковски рече дека приоритет е проверката на избирачкиот список.

– Ги разгледавме сите можности за институционална соработка и утврдивме дека институционалната соработка ни е од круцијално значење за да може проверката да ја извршиме кредибилно. Од Владата добивме ветување дека сите 13 институции се подготвени да ги преземат неопходните мерки за да може ДИК да ги има ресурсите што ѝ се потребни да може да спроведе кредибилна проверка на избирачкиот список – изјави Чичаковски.

Како што рече претседателот на ДИК, изминатите неколку денови Комисијата се подготвувала да почне со процесот на проверка на избирачкиот список.

– Сите знаете дека ние не можеме да влеземе во процес на имплементација сѐ додека не добиеме согласност од четирите политички партии и формално методологијата не биде на крај усвоена од страна на ДИК. Временски рамки за прочистување на списокот засега не се утврдени. По добивањето согласност од четирите партии, ќе подготвиме оперативни планови во кои ќе утврдиме која временска рамка ни е потребна за преземање на активностите – вели Чичаковски.

Лесна заработка, тешки последици – како функционира онлајн пирамидалната шема „Конти“?

„Забавна платформа што ја интегрира филмската продукција, социјалната интеракција и фантастичното искуство. Концептот е 'гледај за да заработиш', со тоа што членовите заработуваат преку гледање промоции на филмови, трејлери...