fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема кредибилитет да ги оспорува успесите во здравството

-

Од СДСМ сакаат здравствениот систем во земјава да биде ист како оној пустош што тие го оставија во наследство, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„СДСМ е против изградба на нови болници и клиники. СДСМ е против тоа граѓаните на Македонија да се лечат со помош на нови современи апарати. СДСМ е против тоа граѓаните да бидат третирани од доктори што ги учат најновите медицински методи во врвните светски центри за медицина. СДСМ со своите проѕирни манипулации попусто се обидува да ги минимизира крупните реформи во здравството, какви што СДСМ ниту планирал, ниту реализирал. Во овој момент здравствениот систем функционира со опрема од која повеќе од половината е набавена во периодот од 2011 година досега“, реагираат од владејачката партија.

Од партијата велат дека кредибилитетот најмалку може да го оспорува СДСМ, познат по своите манипулации со здравјето на граѓаните, со кои континуирано докажува дека не се грижи ниту за граѓаните ниту за нивниот живот.

„СДСМ бесрамно и лешинарски лажеше за бројот на починати доенчиња во Македонија. СДСМ не ги осуди напаѓачите на здравствените работници кои со огнено оружје посегнаа по животот на доктор, туку ги нарече незадоволни граѓани што ја презеле правдата во свои раце. СДСМ постојано се противи на подобрувањето на квалитетот на македонското здравство. За оваа болест на СДСМ, лекот доаѓа на 24 април“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...