fbpx

Чавков: Имамот од Тутунсуз-џамија бил еден од идеолозите за регрутирање борци

-

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, потврди дека во полициската акција „Ќелија“ е уапсен и имамот на Тутунсуз-џамија, кој, според информациите со кои располага МВР, се смета за „еден од идеолозите“ на процесот на радикализација и на регрутација на лица кои заминуваат на боиштата во Сирија и во другите кризни региони на Блискиот Исток.

– Да, уапсен е, и според нашите информации и докази, кои се првично обезбедени, тој се смета за еден од идеолозите и мислам дека со понатамошната истрага ќе се добијат уште поконкретни информации за неговата активност и за улогата во регрутирањето и во координирањето на овие терористички групи – рече Чавков.

Тој, иако прашан, не конкретизираше за која радикална исламистичка организација се бореле македонските државјни во Сирија, но соопшти дека според информациите на МВР, околу 16 лица од Македонија се загинати на боиштата, а околу 130 учествувале или учествуваат во борбите.

На новинарско прашање дали во Македонија има центри за обука и за регрутирање борци, Чавков рече дека „низ процесот на радикализација, формално нема центри за обука, но, како што рече, „има средини каде се вршат такви активности“, кои функционираат во одредени објекти и во невладини организации.

Околу тоа дали постојат ризици за терористички напади на територијата на Македонија, министерот за внатрешни работи истакна дека како и во другите земји во Европа и во САД, такви ризици постојат и во земјава и дека МВР презема низа превентивни активности и мерки за спречување на такви случаи.

– Самиот факт што има такви поедници или групи кои учествувале или се повратници од боиштата, само по себе е индикатор врз онсова на кој можеме да извлечеме процени дека се можни напади во Република Македонија – рече Чавков.

Како што информираше министерот, одговарајќи на новинарски прашања, поголемиот дел од уапсените во денешната акција и претходно биле „опфатени во одредени кривично-правни случаи“. Сите уапсени се македонски државјани, но од различна националност, а меѓу нив, како што рече Чавков, нема лица од женски пол.

За начинот на кој биле префрлани во Сирија на Блискиот Исток, министерот кратко информира дека „има одреден модус операнди, како користење фалсификувани патни исправи“, а претежно била користена рутата преку Турција.

„Според информациите со кои располагаме во моментот, немаме такви сознанија, но со понатамошната анализа на доказите кои денеска се прибавени, можеме да добиеме дополнителни информации“, беше одговорот на Чавков на прашањето дали уапсените и осомничените во денешната акција имале комуникација со кумановската група што беше разбиена во полициската акција од 9 мај оваа година, во Диво Насеље.

За денешната акција била известена Исламската верска заедница (ИВЗ), рече Чавков.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...