недела, 7 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: борци | 27 резултати

Пентагон ја поздрави репатриацијата на 7 македонски борци од ИСИС

8 август 2018

Пентагон ја поздрави одлуката на Македонија да ја прифати групата нејзини државјани, кои како странски платеници се заробени во Сирија. МВР вчера соопшти во заедничка акција со Командата на Глобалната антитерористичка коалиција и Сириските Демократски Сили приведе седуммина македонски државјани, кои се бореле на боиштата во Сирија и Ирак. Портпаролот на Пентагон, Шон Робертсон, за […]

Свилановиќ: За пет години 1.000 борци од Западен Балкан заминале во Сирија и во Ирак

30 ноември 2017

Околу 1.000 лица од земјите од Западен Балкан заминале да се борат во Сирија и во Ирак од 2012 до 2017 година, од кои 300 се вратени, околу 200 се убиени, а околу 400 сè уште се на боиштата, изјави денеска генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), Горан Свилановиќ. Тој, како што соопшти […]

Борците на НОБ и здружението „Титоисти“ го одбележуваат 29 ноември

29 ноември 2016

Членовите на охридското здружение „Титоисти“, заедно со членовите на Сојузот на борци од Народно ослободителната војна во Македонија 1941 – 1945 и граѓаните продолжувачи од општините Охрид и Дебрца, го одбележуваат 29 ноември, денот на поранешната Југословенската заедница – СФРЈ. Покрај другото, на јавна трибина, ќе дебатираат на тема „Кога Македонија стана држава со сите […]

Oбвинителството го потврди координираниот лов на терористи со Албанија и со Косово

8 ноември 2016

Координирана антитерористичка операција деновиве е спроведена во Албанија, Македонија и во Косово за апсење на лица, осомничени за регрутирање борци за Исламска држава од Балканот. Според информациите што вчера ги објавија албанските и косовските медиуми, осомничените, наводно, планирале и терористички акции на Балканот. Од Јавното обвинителство за „Мета“ го потврдија учеството на македонските власти во […]

Време е да му се вратат слободата и власта на народот, порачаа учесниците на маршот

11 октомври 2016

Се излеавме илјадници денеска во Скопје, на Денот на антифашистичката борба, и марширавме во чест на сите партизански одреди и во чест на сите паднати борци, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во обраќањето на крајот на граѓанскиот марш, кој денеска се одржа под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“. – Нивната борба за слобода денеска […]

Франција: Повеќе од 600 лица се приклучиле кон ИД

21 март 2016

Повеќе од 600 лица од Франција заминале во Сирија и во Ирак, а повеќе од 800 сакаат да одат и да им се придружат на милитантите на Исламска држава, соопшти францускиот премиерот Мануел Валс. Бројките покажуваат намалување на бројот на лицата што се приклучиле кон џихадистичката група, без разлика на повеќекратните бомбардирања против ИД и обидите […]

Германската полиција истражува документи со идентитети на борци на ИД

10 март 2016

Германската полиција за борба против тероризмот почнала истрага во врска со документи што ги откриваат идентитетите на голем број борци на Исламска држава (ИД), јавува „Би-би-си“. Според британските и германските медиуми, кои дошле до документите, станува збор за прашалници за регрутирање кои го откриваат идентитетот на илјадници поддржувачи на ИД од околу 50 земји. Како што […]

Сирија ќе понуди амнестија на сите бунтовнички борци што ќе го остават оружјето

1 март 2016

Башир ел Асад, претседателот на Сирија, во интервју за германскиот јавен сервис „А-ер-де“ рече дека е подготвен да им понуди амнестија на сите бунтовнички борци доколку се сложат да го остават оружјето. Осврнувајќи се на актуелниот прекин на огнот во Сирија, што беше постигнат со посредништво на САД и на Русија, Асад истакна дека сириските […]

Македонски државјанин уапсен во Италија, регрутирал борци за ИД

26 февруари 2016

Антитерористичка единица на италијанската полиција, во околината на Венеција уапсила македонски државјанин, осомничен за регрутирање борци за учество во воените дејства на Блискиот Исток, на страната на Исламска држава (ИД), јавуваат италијанските медиуми. Полициската акција, како што пренесува „ Ла република“, била спроведена по наредба на обвинителството во Венеција, кое почнало истрага против неколку лица […]

Исламска држава им ги намалила платите на борците до 50 проценти

8 февруари 2016

Исламска држава била принудена да им ги намали платите на своите борци и до 50 проценти, бидејќи со воздушните удари предводени од САД, значително биле намалени приходите што џихадистите ги оставриле при продажба на нафта. Ова денеска на прес-конференција во Лондон го изјавил портпаролот на американскиот сектор против финансирање терористички активности, Данијел Глејзер. Бомбардирањето ја ослабело способноста […]

„Коха диторе“: Најмалку седум борци на ИД се кријат околу Скопје

1 декември 2015

Најмалку седум косовски државјани што се бореле на страната на Исламска држава (ИД) во Сирија пред три недели се вратиле на Балканот и се засолниле во регионот на Скопје, пишува денеска косовскиот весник „Коха диторе“. Повикувајќи се на информации од разузнавачките агенции, вклучувајќи ја и косовската, весникот пишува дека меѓу џихадистите повратници биле и Лавридим Мухаџери […]

БИХ е четврта во светот по бројот на борци што се приклучиле на ИД

23 ноември 2015

Босна и Херцеговина е четврта земја во светот по бројот на нејзини жители што се приклучиле на Исламска држава, тврдат британски медиуми. Оваа година 92 државјани на БИХ се приклучиле на терористичката организација Исламска држава во Ирак и во Сирија. На петто место е Косово со 83 борци, а пред БИХ се Јордан, Тунис и Саудиска […]

ИД објави фотографии од камп во Авганистан

22 октомври 2015

Исламска држава објави серија фотографии на кои ги покажува своите најнови регрути како вежбаат во кампови во Авганистан. Иако лицата им се прекриени, се шпекулира дека меѓу нив може да има и деца. Фотографиите прикажуваат дваесетина млади мажи кои минуваат низ серија тешки вежби. Со фотографиите е објавена и порака дека станува збор за „први […]

Чавков: Имамот од Тутунсуз-џамија бил еден од идеолозите за регрутирање борци

6 август 2015

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, потврди дека во полициската акција „Ќелија“ е уапсен и имамот на Тутунсуз-џамија, кој, според информациите со кои располага МВР, се смета за „еден од идеолозите“ на процесот на радикализација и на регрутација на лица кои заминуваат на боиштата во Сирија и во […]

Антитерористичка акција на МВР: Се апсат борци на ИД од Македонија

6 август 2015

Екипи на Министерството за внатрешни работи (МВР) од утринава спроведуваат акција за апсење лица за кои постојат сомнежи дека учествувале во борбите во Сирија на страна на милитантната исламистичка организација Исламска држава (ИД). Помошникот-министер за односи со јавноста на МВР, Иво Котевски, ја потврди информацијата за „Мета“. Детали за акцијата од МВР најавуваат во текот […]

Повеќе од 1.000 Руси се борат во редовите на Исламска држава

22 јуни 2015

Повеќе од 1.000 Руси се борат во редовите на Исламска држава и напорите што се прават за да се запре регрутирањето доброволци за оваа терористичка организација не се доволни, изјави секретарот на рускиот Совет за безбедност, Николај Патрушев. – Мислам дека повеќе од 1.000 руски државјани се борат во редовите на Исламска држава. Има уште илјада […]

Сојуз на борци: Прислушувањето покажува целосен распад на безбедносниот систем

4 март 2015

Сојузот на борците на Македонија оцени дека Република Македонија ја доживува најголемата политичка криза од постоењето на слободната македонска држава. „Обелоденетиот податок за прислушување на повеќе од 20.000 граѓани (сеедно од кого било), е најголем удар на човековите права и слободи во земјава и укажува на целосен распад на безбедносниот систем на државата“, се вели во […]

Москва бара Хрватска да го спречи регрутирањето борци за Украина

12 февруари 2015

Руските власти денеска ја повикаа Хрватска и другите земји чии граѓани се регрутираат во редовите на вооружените сили на Украина, да прекинат со оваа практика, пренесуваат руските агенции. „Ги потсетуваме хрватските власти дека денеска во Минск е усвоена одлука на контакт-групата за имплементација на договорот од Минск, во која, меѓу другото, е предвидено повлекување на […]

ИД ликвидирала 120 свои борци

29 декември 2014

Екстремистичката сунитска организација Исламска држава во последните три месеци ликвидирала 120 свои припадници, повеќето странски борци кои сакале да се вратат дома, јави Сириската организација за заштита на човековите права, со седиште во Лондон. Организацијата, која своите податоци ги темели на информации добиени од активисти и од жители на Сирија, вели дека бруталната милитантна група […]

ИСИС има 200.000 борци

17 ноември 2014

ИСИС има повеќе од 200.000 борци, соопшти кабинетот на лидерот на ирачките Курди, Масуд Барзани, а бројката е шестпати поголема од таа што ја соопшти ЦИА. Тој наведе дека големиот број борци ѝ овозможува на милитантната организација да војува на повеќе различни воени полиња. Според Барзани, претходната процена на американските разузнавачи дека ИСИС има 31.500 […]

Страна 1 од 2