fbpx

Антитерористичка акција на МВР: Се апсат борци на ИД од Македонија

-

Екипи на Министерството за внатрешни работи (МВР) од утринава спроведуваат акција за апсење лица за кои постојат сомнежи дека учествувале во борбите во Сирија на страна на милитантната исламистичка организација Исламска држава (ИД).

Помошникот-министер за односи со јавноста на МВР, Иво Котевски, ја потврди информацијата за „Мета“. Детали за акцијата од МВР најавуваат во текот на денот.

Според информациите, специјалните полициски сили извршиле претреси во повеќе градови во земјава, како Скопје, Струга, Куманово, Тетово, Гостивар.

Според првичните информации, покрај учесници во паравоените формации на ИД, приведени се и лица за кои постојат сомнежи дека врбувале македонски државјани за да учествуваат во борбите во Сирија.

Од МВР за „Мета“ првично велат дека за време на акцијата не се регистрирани инциденти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...