fbpx

Одбележана 70-годишнината од нападот на Хирошима

-

Во Јапонија денеска се одбележуваат 70 години од првиот нуклеарен напад во историјата на човештвото, кога САД фрлија бомба над градот Хирошима и ја принудија Јапонија да капитулира, со што ставија крај на Втората светска војна.
На церемонијата во Хирошима присуствувале десетина илјади лица, јапонскиот премиер Шинзо Абе и претставници на 100 земји, меѓу кои и амбасадорката на САД, Каролин Кенеди.

– За да живееме заедно, мораме да ги уништиме апсолутното зло и врвот на нехуманоста, кои ги претставува нуклеарното оружје – рече градоначалникот на Хирошима, Казуми Мацуи.

Со минута молчење, во 8.15 часот по локално време, во Меморијалниот парк во Хирошима им е одадена почит на жртвите, чиј број се проценува на околу 140.000.

Точно во тоа време, на 6 август 1945 година, американскиот бомбардер „Енола греј“ ја фрли атомската бомба „литл бој“ на Хирошима, кој се наоѓа во западниот дел на Јапонија. САД не се извинија за тој чин, ниту за вториот атомски напад на Нагасаки, извршен на 9 август 1945 година, каде настрадаа 74.000 лица.

Ниту еден американски претседател никогаш не ги посетил двата града.

По атомските напади, Јапонија капитулираше на 15 август 1945 година, што овозможи Втората светска војна да заврши две недели подоцна, на 2 септември 1945 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...