fbpx

Штрајк на лондонското метро

-

Подземната железница во Лондон денеска е затворена поради штрајкот на вработените, кои се противат на плановите за викенди да работат 24 часа.

Поради затворањето на лондонското метро, познато како „Тјуб“, илјадници патници морале да најдат превоз до работа. Воведени се дополнителни автобуси во градскиот превоз, а многу жители на Лондон одлучиле да изнајмат велосипеди.

Членовите на синдикатот запреа со работата поради спорот околу воведувањето 24-часовна работа на метрото за викендите. Тврдат дека управата мора да вработи нови луѓе за да се покријат дополнителните смени, а претпоставените, пак, велат дека им понудиле зголемување на платите и на бонусите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...