fbpx
Свет Страница 699

Свет

Оланд повика да се тргне американското ембарго кон Куба

Францускиот претседател Франсоа Оланд, за време на посетата на Хавана, повика да се стави крај на децениското американско трговско ембарго против Куба. Според Оланд, со ембаргото е нанесена голема штета на островската земја. Францускиот претседател, за време на историската посета на Хавана, исто така, се сретна...

Камерон: Изборната победа дава мандат за преговори со ЕУ

Повторното преговарање за британските односи со ЕУ ќе биде тешко, но минатонеделната изборна победа на конзервативната партија, дава мандат тоа да се направи, истакна биртанскиот премиер Дејвид Камерон на денешното обраќање кон новинарите. Камерон во текот на изборната кампања вети дека за статусот на Британија и...

Нападнати војници на црногорската војска

Припадници на војската на Црна Гора се нападнати од двајца неидентификувани мажи, кои истрелале неколку куршуми во нивни правец. Инцидентот се случил на военото стрелиште во местото Златица, покрај кое се наоѓаат неколку објекти во кои се чува оружје. Објектите веќе неколку години се напуштени,...

Војската на Србија ја зголеми борбената готовност

Војската на Србија го подигна нивото на борбената готовност и спремни сме заедно од другите безбедносни структури на Србија да одговориме на сите предизвици што би го загрозиле суверенитетот и интегритетот на Србија и нејзините граѓани, изјави министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ, кој...

Турски товарен брод нападнат кај Либија

Турски товарен брод бил нападнат во близина на либискиот брег, додека се приближувал кон пристаништето во Тобрук, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Турција. Кога бродот се обидел да се оддалечи од брегот, од каде доаѓал огнот, бил нападнат од воздух. Во нападот убиен...

Оланд во историска посета на Куба

Францускиот претседател Франсоа Оланд е прв шеф на некоја западна држава кој стигнал на Куба по најавата за одмрзнување на односите меѓу оваа држава и САД. Целта на историската посета на Оланд е да ги застапува француските и европските интереси во земјата, која би...

Мустафа: Ситуацијата во Прешево е мирна и стабилна

Градоначалникот на општина Прешево, Рагми Мустафа, утринава изјави дека ситуацијата во неговата општина е целосно стабилна и нема нарушување на општата состојба на безбедноста. - Ситуацијата во општина Прешево е сосема стабилна, мирно е, како и секој друг ден се живее и се работи. Нормално,...

Шведскиот врховен суд го продолжи решението за притвор на Асанж

Шведскиот врховен суд ја отфрли жалбата на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, да го поништи решението за негов притвор поради обвинението дека извршил сексуален напад, соопшти судот. Во соопштението се наведува дека одлуката на обвинителот да го испраша Асанж во Лондон влијаело на одлуката...

ММФ ги подготвува балканските подружници на грчките банки за банкрот?

Грчките медиуми, повикувајќи се на весникот „Вол стрит џурнал“, јавуваат дека ММФ ги подготвува државите од Југоисточна Европа каде има грчки банки за справување со евентуален грчки банкрот. Според информацијата, ММФ ги советува и разменува мислења со Бугарија, Македонија, Романија, Албанија и со Србија...

Милибанд, Клег и Фараж си дадоа оставки од лидерските функции

Лидерот на лабуристите, Ед Милибанд, лидерот на либералдемократите, Ник Клег, и лидерот на антиевропската и антиимигрантската Партија за независност на Обединетото Кралство (УКИП), Најџел Фараж, денеска поднесоа оставки откако синоќа на британските парламентарни избори претрпеа тежок пораз од конзервативците на Дејвид Камерон. Либералдемократите освоија само...

Талибанци го урнале хеликоптерот со дипломати во Пакистан

Талибанците ја презедоа одговорноста за уривањето на хеликоптерот во Пакистан, при што шест лица загинаа, а 13 се повредени, јавуваат светските медиуми. Портпаролот на талибанците, Мухамед Корошани, во електронската порака соопштил дека хеликоптерот е урнат со рачен минофрлач. Се претпоставува дека талибанците сакале да го урнат...

Загинаа амбасадорите на Норвешка и на Филипини во Пакистан

Амбасадорите на Норвешка и на Филипини во Исламабад загинаа во хеликоптерска несреќа во североисточниот дел од Пакистан. Како што јавуваат пакистанските медиуми, меѓу шесте загинати се и сопругите на амбасадорите на Малезија и на Индонезија.

Иванов со лидерите од источниот блок на парада во Москва

Седумдесетгодишнината од комеморацијата на советската победа во Втората светска војна, според најавите, треба да биде голем спектакл. Сепак, списокот на меѓународни гости се скуси. Рускиот претседател Владимир Путин покани 70 светски лидери да присуствуваат на парадата на Денот на победата на 9 мај, но голем...

Николиќ: Изградбата на „Турски тек“ низ Србија е невозможна

Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека е невозможна изградбата на гасоводот „Турски тек“ преку територијата на Србија и оти мисли дека поради тоа Србија нема да добива гас од тој правец. - Мислам дека реализација на „Турски тек“ (на територијата на Србија) е невозможна и...

Конзервативците на Камерон ја одбранија власта

Конзервативецот Дејвид Камерон на изборите во Велика Британија, според излезните анкети, освоил 329 пратенички места од вкупно 650 во Долниот дом на Парламентот, додека лабуристите освоија 233 места. Покрај лабуристите, неочекуван крах претрпеа и либералите на Ник Клег, додека шкотските националисти – СНП достигнаа историски...

Русија ќе го ублажува ембаргото кон Унгарија, Грција и кон Кипар

Москва е подготвена да го ублажи ембаргото за увоз на прехранбени производи од Унгарија, Грција и од Кипар, под услов овие земји да не го поддржат продолжувањето на санкциите на ЕУ кон Русија. Инспекторите на Федералната ветеринарна и фитосанитарна инспекција на Русија посетиле 37 претпријатија...

Филмски грабеж во Кан, украден накит во вредност од 17,5 милиони евра

Една недела пред почетокот на Канскиот филмски фестивал, ограбена е луксузната продавница „Картие“ во Кан, а однесен е накит и часовници во вредност од 17,5 милиони евра, соопштија извори блиски до полициската истрага. Еден од ограбувачите носел маска на старица и имал пиштол, а кога упаднал...

Судењето на Златна зора повторно одложено

Судењето на Златна зора како криминална организација никако да почне. Процесот вторпат е одложен, овојпат за 12 мај. Судењето почна на 20 април, меѓутоа поради фактот што еден од обвинетите немаше адвокат, беше презакажано за денеска, за новиот адвокат да има време да се подготви за...

Убиен најбараниот терорист во Југоисточна Азија

Најбараниот терорист во Југоисточна Азија, Абдул Басит Усман, бил убиен во неделата потврдија од филипинската армија. Тој беше еден од водачите на најекстремната исламистичка група на Абу Сајаф, разгранок на Ал каеда во овој регион. Главата на терористот, организатор на бројни бомбашки напади, беше уценета...

Вулкан на Филипините исфрла пепел

Вулканот Булусан на Филипините денеска почна да исфрла пепел по вторпат во последната недела. Нема индиции дека наскоро би можела да настапи ерупција од поголеми размери, соопштија филипинските власти. Вулканот кој се наоѓа во провинцијата Сорсогон, југоисточно од претстолнината Манила, исфрла пепел 250 метри во...

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...