fbpx

Иванов со лидерите од источниот блок на парада во Москва

-

Седумдесетгодишнината од комеморацијата на советската победа во Втората светска војна, според најавите, треба да биде голем спектакл. Сепак, списокот на меѓународни гости се скуси.

Рускиот претседател Владимир Путин покани 70 светски лидери да присуствуваат на парадата на Денот на победата на 9 мај, но голем дел од нив ја откажаа својата посета поради ситуацијата во Украина.

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ќе биде еден од 30 државници што одлучија да одговорат на поканата на Путин.

Лидерите од БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Северна Африка) потврдија дека ќе присуствуваат на воената парада, на која ќе бидат прикажани 2.000 парчиња воена опрема и околу 80.000 војници, а на која премиерно ќе биде прикажан најновиот руски борбен тенк „армата Т-14.

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, соопшти дека лидерите на Босна и Херцеговина, Исланд, Црна Гора, Србија и на Норвешка потврдиле дека ќе бидат присутни во „различни формати“, а се „очекува“ да се појави и словачкиот премиер Роберт Фицо. Кипар, исто така, ќе испрати своја делегација, а ќе присуствува и грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.

Освен Јужна Африка, уште седум африкански држави ќе испратат свои делегации: Танзанија, Сомалија, Либерија, Гвинеја, Буркина Фасо, Лесуту и Мавританија. Од евроазискиот регион, Азербејџан, Ерменија, Таџикистан, Узбекистан и Киргистан, сите поранешни советски држави, ќе присуствуваат со парадата, а со нив ќе бидат и шефовите на државите на Кина, Виетнам и на Монголија.

Куба, исто така, ќе учествува на парадата во Москва, што и не е изненадување ако се имаат предвид нивните блиски врски.

Чешкиот претседател Милош Земан првично ја прифати поканата, но се премисли откако се најде на удар на чешката јавност.

Сите други европски влади одбија да присуствуваат, а германската канцеларка Ангела Маркел следниот ден ќе допатува во Москва за да присуствува на преговорите со Путин.

Русија ги обвини САД дека вршат притисок врз европските земји да не присуствуваат на прославата.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ја одби поканата, со образложение дека крајот на Втората светска војна ќе го слави во Минск.

Ким Јонг-ун го откажа своето присуство кое требаше да биде негова прва меѓународна посета откако стана лидер на Народна Демократска Република Кореја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...