fbpx
Свет Страница 698

Свет

Канада: Уапсени 10 лица што сакале да им се приклучат на џихадистите

Канадската полиција уапсила 10 млади лица, кои се обиделе да ја напуштат земјата и да им се приклучат на џихадистите во Турција и во Сирија. Полицијата потврди дека апсењата се случиле минатиот викенд и оти истрагата продолжува. Пасошите на уапсените се запленети, а досега не е...

Убиени 22 милитанти во Алжир

Најмалку 22 милитанти поврзани со Исламска држава се убиени во нападот на алжирските војници, соопшти алжирското Министерство за одбрана. Војниците им поставиле заседа на милитантите во моментот кога имале состанок источно од главниот град Алжир, во близина на местото Буира. Регионот е познат како упориште...

Либија испраќа пратеник во ЕУ поради шверцот на мигранти

Либија соопшти дека испратила специјален пратеник да разговара со Европската унија за нејзиниот предлог да ги уништува бродовите на шверцерите на мигранти. Либија, во изјавата која вчера ја соопшти нејзината мисија во Обединетите нации, вели дека нејзината меѓународно признаена влада ја „потврдува спремноста да ја...

Штрајк во државните болници во Грција

Лекарите, медицинските сестри и персоналот на итната помош на државните болници на Грција и на здравствените домови денеска почнаа 24-часовен штрајк во знак на протест поради недостигот од персонал и недоволното финансирање на здравството, како и поради доцнењето на платите предизвикано од финансиската криза во...

Лавров: Јагланд да ја посети Македонија

Поради зголемената тензичност во Македонија, Русија предложила во регионот да биде испратен генералниот секретар на Советот на Европа, Торборн Јагланд, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи. – Имајќи го предвид порастот на тензиите во Македонија, руската страна предложи испраќање на генералниот секретар на Советот...

Во пожар во Баку загинаа 16 лица

Шеснаесет лица загинаа денеска, а повеќе од 50 се повредени во пожар во една станбена града во главниот азербејџански град Баку, соопштија властите. Големиот пожар набргу се проширил на целата 16-катница, а на пожарникарите им биле потребни часови за да го стават под контрола. Главниот обвинител...

Преживеаниот карикатурист од „Шарли ебдо“ го напушта неделникот

Еден од неколкуте карикатуристите што го преживеаја нападот на исламистите врз француското списание „Шарли ебдо“, го напушта весникот со образложение дека не може да го издржи притисокот. Реналд Лузиер, познат како Луз, ја објави својата одлука во интервју за дневниот „Либерацион“, кој му помогна на „Шарли ебдо“...

Фелон: Русија и Исламска држава се најголеми закани за мирот

Британскиот министер за одбрана, Мајкл Фелон, денеска изјави дека светот се наоѓа пред иста опасност како за време на Втората светска војна и оти заканата доаѓа од Русија и од Исламска држава. Најавувајќи ги приоритетите за одбрана во наредните пет години, Фелон рече дека од...

Саудиска Арабија ги продолжува нападите врз Јемен

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија во текот на ноќта го нападна главниот јеменски град Сана, целејќи кон силите лојални на поранешниот претседател Али Абудалху Селаху на истокот и на југот на градот. Станува збор за прв напад на град по шестдневниот прекин на огнот, кој заврши...

Во свлечиште во Колумбија загинаа 50 лица

Повеќе од 50 луѓе настрадаа во лизгање на земјиште во северозападната колумбиска провинција Антиокија, додека неколку десетини се повредени. Претседателот Хуан Мануел Сантос рече дека властите не знаат уште колку луѓе се водат како исчезнати, поради што прогласија вонредна состојба и ветија помош во обнова...

Коѕиас: ЕУ ја има разгалено БЈРМ

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, смета дека ЕУ ја има разгалено Македонија, ја нема научено на култура на компромиси и поради тоа е заглавена во актуелната политичка криза. Начинот на кој ЕУ се однесувала кон Македонија, убедувајќи ја дека нема да мора да...

Во судир во Камбоџа загинаа 16 лица

Најмалку 16 текстилни работници настрадаа, а околу 15 денеска се повредени во Камбоџа, во судир со комбе и со автобус. Повеќе од 30 работници со комбиња тргнале кон фабриката во која работат, а во автобусот биле туристи од Виетнам, меѓу кои нема повредени. Несреќата во провинцијата...

Грците нервозни: Столтенберг четирипати рече „Македонија“

Именувањето на Македонија под уставното име од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предизвика реакции во Грција. Грчките претставници на заедничкиот состанок на министри за надворешни работи и за одбрана на ЕУ реагирале веднаш штом Столтенберг почнал да нè именува „Македонија“. Грција планира да испрати протестна...

ОН: Од Рамади побегнале 25.000 лица

Околу 25.000 лица побегнале од ирачкиот град Рамади откако го нападнаа милитантите на Исламска држава, а повеќето тргнале кон главниот град Багдад, соопштија од Обединетите нации. Средствата за помош на луѓето што избегале од Рамади исчезнуваат, а резерви речиси и да нема, наведе канцеларијата на ОН за...

Москва: Посетата на Нуланд е позитивен знак

Официјална Москва ја оцени посетата на Викторија Нуланд, помошничка на американскиот државен секретар за европски и евроазиски работи, како знак за подобрување на билатералните односи. Нуланд во Москва ќе разговара со високи владини претставници за натамошните чекори во примена на спогодбата за примирјето на истокот...

Уапсени руски војници во Украина

Украинската војска соопшти дека уапсила двајца руски војници, кои се бореле со проруските сепаратисти на истокот на Украина. Владислав Селезнев, портпаролот на Генералштабот, изјави дека украинските безбедносни служби ги испитуваат војниците и оти се наоѓаат на пат кон Киев. Руските војници се уапсени во градот Шчастија,...

Кери: САД ќе ја гарантираат безбедноста на Корејскиот Полуостров

Американскиот државен секретар, Џон Кери, денеска ја обвини Северна Кореја за непочитување на меѓународното право и му вети на јужниот сосед дека САД ќе сторат сè за безбедноста на Корејскиот Полуостров. Кери, кој е во посета на Јужна Кореја, го обвини Пјонгјанг дека продолжува со...

Двајца повредени во бомбашки напади на седишта на курдската ХДП

Две лица се повредени во два бомбашки напади извршени врз локални седишта на курдската Демократска партија на народите (ХДП), во турските градови Мерсин и Адана. Засега нема информации колку сериозни се повредите на жртвите. Нападите се случуваат во пресрет на парламентарните избори во Турција, закажани за...

ИД го зазеде Рамади

Околу 500 цивили и ирачки војници загинаа во изминатите неколку дена, додека се водеа жестоките борби за контрола над градот Рамади, кој синоќа падна во рацете на џихадистите на Исламска држава, соопшти портпаролот на ирачката провинција, Анбар Муханах Хајмур. Тој соопшти дека околу 8.000 лица...

Во хеликоптерска несреќа на Хаваи загина еден војник

Хеликоптер „МВ-22 оспреј“ на американската морнарица доживеа несреќа при принудно слетување на Хаваи, при што загина еден војник, а 21 се повредени. За време на принудното слетување, хеликоптерот се користел за обука во воздухопловната база во Беловс на островот Оахо. Причината за несреќата се истражува.