fbpx

Преживеаниот карикатурист од „Шарли ебдо“ го напушта неделникот

-

Еден од неколкуте карикатуристите што го преживеаја нападот на исламистите врз француското списание „Шарли ебдо“, го напушта весникот со образложение дека не може да го издржи притисокот.

Реналд Лузиер, познат како Луз, ја објави својата одлука во интервју за дневниот „Либерацион“, кој му помогна на „Шарли ебдо“ повторно да се обајвува по нападот во кој загинаа најголем дел од неговите колеги карикатуристи.

– Секоја нова верзија беше тортурата затоа што другите ги нема – рече Луз, кој ја нацрта првата насловна страница по нападот. Сепак, тој неодамна соопшти дека веќе нема да црта карикатури на Мухамед бидејќи му се смачило.

Луз рече дека притисокот на работа по нападот и медиумскиот притисок се клучните причини за одлуката да си замине.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...