fbpx

Во пожар во Баку загинаа 16 лица

-

Шеснаесет лица загинаа денеска, а повеќе од 50 се повредени во пожар во една станбена града во главниот азербејџански град Баку, соопштија властите.

Големиот пожар набргу се проширил на целата 16-катница, а на пожарникарите им биле потребни часови за да го стават под контрола.

Главниот обвинител на Азербејџан, Закир Гаралов, рече дека за брзината на ширењето на пожарот придонел и лошиот квалитет на пластичните панели со кои била покриена зградата. Тој додаде дека е во тек кривична истрага која ќе ја утврди вината.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев лично ја контролира истрагата.

Сличен пожар на почетокот од месецов исто така изби во Баку, но тогаш немало повредени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...