fbpx

Конзервативците на Камерон ја одбранија власта

-

Конзервативецот Дејвид Камерон на изборите во Велика Британија, според излезните анкети, освоил 329 пратенички места од вкупно 650 во Долниот дом на Парламентот, додека лабуристите освоија 233 места. Покрај лабуристите, неочекуван крах претрпеа и либералите на Ник Клег, додека шкотските националисти – СНП достигнаа историски успех.

Според анкетите, шкотските националисти – СНП ќе добијат 56 мандати, а следат либералдемократите со скромни осум, ДУП – осум, Партијата на Велс – три, УКИП со два и Партијата на зелените со едно место.

– Често се вели дека само една анкета е важна, и тоа таа на изборната ноќ. Тоа никогаш не било поточно. Ова се одлични резултати за конзервативците, нивниот позитивен план е надграден – порача Каерон, додавајќи дека е уште рано да се зборува за конечни резултати.

Победата на партијата на Камерон веројатно значи и чекор поблиску кон историскиот референдум за останување или излегување на Велика Британија од ЕУ, кој Камерон го најави.

„Една нација, едно Обединето Кралство – се надевам дека така ќе можам да управувам доколку имам среќа да продолжам да работам како премиер“, напиша Камерон на својот официјален твитер-профил.

Лабуристите го признаа поразот, а Милибанд порача дека ова е големо разочарување.

– Не го поправиме резултатот каде што сакавме во Англија, а во Шкотска налетот на национализмот беше пресилен за нашата партија – рече Милибанд.

Резултатите од анкетите, во кои учествуваа 22.000 Британци по излегувањето од избирачките места, во голема мера се разликува од истражувањето на јавното мислење, спроведено во текот на предизборната кампања, а кое укажуваше на тесна трка меѓу конзервативците и либералите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...