Убиен најбараниот терорист во Југоисточна Азија

Најбараниот терорист во Југоисточна Азија, Абдул Басит Усман, бил убиен во неделата потврдија од филипинската армија.

Тој беше еден од водачите на најекстремната исламистичка група на Абу Сајаф, разгранок на Ал каеда во овој регион. Главата на терористот, организатор на бројни бомбашки напади, беше уценета на милион долари. Заедно со Усман биле ликвидирани и петмината членови од неговото лично обезбедување.