fbpx

Оланд повика да се тргне американското ембарго кон Куба

-

Францускиот претседател Франсоа Оланд, за време на посетата на Хавана, повика да се стави крај на децениското американско трговско ембарго против Куба.

Според Оланд, со ембаргото е нанесена голема штета на островската земја.

Францускиот претседател, за време на историската посета на Хавана, исто така, се сретна со лидерот на кубанската револуција Фидел Кастро, како и со неговиот брат Раул, сегашниот претседател на Куба.

Оланд е првиот француски претседател кој од 1898 година ја посетил Куба и е првиот лидер на некоја западноевропска земја што го посетил островот од 80-тите години на 20 век.

Локалните медиуми јавуваат дека Оланд и Фидел Кастро зборувале околу еден час.

– Пред мене стои човек кој влезе во историјата – рече Оланд, кој подоцна се состана со сегашниот претседател Раул Кастро.

Оланд ги објави плановите за двојно зголемување на бројот на стипендии што ќе им овозможат на кубанските студенти да ги продолжат своите студии во Франција и на тој начин да се зајакне научната и академска соработка меѓу двете земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.