fbpx

ЕУ: Безбедносната процена за Македонија не е негативна

-

Македонија најверојатно ќе биде на дневен ред на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ в понеделник, на барање на некои земји-членки како Австрија, потврдија за „Мета“ извори од Советот на ЕУ.

Дипломатски извори информираат дека безбедносната процена за Македонија не е негативна со оглед на тоа дека таканаречената терористичка група е уапсена.

– Ова е завршена работа, ќе знаеме повеќе кога ќе заврши истрагата – изјави висок европски дипломатски извор.

За Европската унија, во Македонија не станува збор за меѓуетнички конфликт бидејќи сите партии, вклучително и албанските, се дистанцираа од кумановската група.

Дипломатите во ЕУ порачуваат дека засега не е јасно која е таа група, дали е терористичка или криминална, и се чека независна истрага во Македонија.

Европските дипломати сметаат дека изјавата на претседателот Ѓорѓе Иванов дека 17 служби на земји-партнери биле информирани, но не реагирале, не ѝ е упатена на Европската унија, туку дека е многу поширока.

– И ЕУ и НАТО ја изразија нивната солидарност со земјата. Таа изјава не е против ЕУ – тврди нашиот извор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...